| четврток, 6 декември 2018 |

Судири во Париз поради реформите во Законот за труд, полицијата уапси 27 лица

Дваесет и седум лица биле уапсени, од кои 24 се задржани во притвор.

Околу 100 демонстранти фрлале бетонски делови од калдрмата врз полицијата и палеле возила.

Плоштадот на Републиката е место на ноќни собири на демонстрантите во рамки на движењето под име „Будни цела ноќ“ против реформите во законот за труд. Протестите траат веќе еден месец, но синоќа им било дозволено да останат само до полноќ.

Во текот на вчерашниот ден најмалку 24 полицајци се повредени за време на протестите, од кои тројца се здобиле со сериозни повреди во Париз, а ширум Франција биле уапсени 124 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top