Неколку лица се повредени вечерва при судири меѓу приврзаници и противници на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган пред зградата ма Конзулатот на Турција во центарот на Брисел, јави ТАСС.
Белгиската полиција го потврди инцидентот, но соопшти дека засега не може да даде детали за бројот на повредените лица, ниту за нивната здравствена состојба. Нема информации ни за причините за судирите, како ни тоа дали при инцидентот има приведени лица.
Во врска со инцидентот се огласи и белгискиот премиер Шарл Мишел, кој ги осуди судирите
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.