| четврток, 6 декември 2018 |

Четири лица загинаа во судири во турскиот град Дијарбекир

Еден полицаец и тројца бунтовници се убиени во судири денеска меѓу турските сили за безбедност и курдските бунтовници во најголемиот град во југоисточна Турција, Дијарбекир, изјавија претставници на турските сили за безбедност.

dijabekir

Во текот на ноќта во квартот Кајнартепе во Дијарбекир беше воведен полициски час поради раздвижувањето на бунтовниците од Курдската работничка партија (ПКК), кои поставиле барикади, копаат ровови и поставуваат експлозиви во зоната, се вели во соопштението на локалните власти, јави БТА.

Во текот на ноќта бунтовниците блокираа патишта и ги стопираа автомобилите во зоната, а имаше и спорадични судири со силите за безбедност, изјавија очевидци.

Откако во јули минатата година беше ставен крај на примирјето, кое траеше две и пол години, насилството во југоисточниот дел на земјата се обнови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top