| четврток, 6 декември 2018 |

Повеќе од илјада јавувања за седум дена на „Ало докторе!“

На телефонската линија за медицински совет „Ало докторе“ минатата недела се јавиле 1.125 граѓани. Од Здравствен дом Скопје информираат дека од 15 септември минатата година  односно од кога започна да работи телефонската линија 02/15 123 до сега, имале 44.320 повици. Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на какви било симптоми на нарушување на здравјето.

alo-doktoreee500

Дваесет и двајца доктори се достапни за медицински совет ,а јавувањата се од граѓани од сите градови на Македонија. На сите оние лица кои се јавиле на телефонската линија „Ало докторе“ им е дадена соодветна медицинска помош преку здравствен совет и соодветна симптоматска терапија. Јавувањата во последната седмица се со широк спектар на најразлична симптоматологија , најчесто за главоболки, стомачен вирус,покачен крвен притисок и симптомна болка.

Поради високите температури многу често се јавуваат граѓани за совети и препораки поврзани со топлото време, заштита од сонце и совети околу терапијата за хронични болести.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top