| четврток, 6 декември 2018 |

Што треба да направите за да спиете покрај најубавите слободни Македонки?

“Навистина е тешко да чекориш во чевли на сама девојка, затоа понекогаш ви требаат некои навистина посебни“ – гласи легендарната изјава на Кери Бредшо од култната серија „Сексот и градот“. Со неа се согласуваат и нашите познати дами, кои гордо, покрај своите имиња, го носат статусот – сама.

Емилија Розман, Марјана Станојковска, Анастасија Петреска, Фани, Џесика Палашоска … се само дел од домашните убавици, кои немаат посилни половини. Сепак, доколку се појави некој магичен на кој нема да можат да му одолеат, тие не ја исклучуваат можноста да се вљубат, а доколку сакате да ги освоите, направете го следново…

Марјана Станојковска

– Кога се мажите во прашање, нема некои посебни правила. Првенствено сакам мажи што се искрени, коректни и паметни. Многу ми е важно партнерот што ќе го имам покрај себе да има смисла за хумор – откри Марјана и додаде дека од такт ја вади кукавичлакот.
– Не сакам покрај мене да имам некој што не може да ја преземе улогата на маж и да се соочи со сите животни ситуации, па јас да морам да бидам похрабра од него. Тоа дефинитивно ми пречи – вели водителката, која сака мажи што се занимаваат со спорт и имаат правилни раменици.

emilija rozman top 2

Емилија Розман

 

 

– Иако медиумите имаат тенденција да ме мажат секоја втора недела, сама сум и среќна. Ги имам пријателите и семејството покрај себе и тоа е се што ми треба периодов. Сакам харизматични мажи со смисла за хумор. Тоа ми е најважно – откри сексапилната манекенка.

Анастасија Петреска

 

Сакам ведри, шармантни и позитивни луѓе. Ако знае да ме насмее и расположи, тогаш тој е вистинскиот за мене. Многу ми е важен првиот впечаток кој некој ќе ми го остави, од тоа зависат многу работи. Во моментов уживам во тоа што сум слободна, посветена сум на работата, но сум отворена за запознавање и имам желба да се заљубам во блиска иднина – вели ќерката на Наум Петрески, Анастасија.

Фани Христова

– Верувам во љубов и ќе продолжам да верувам. Далеку од тоа дека ќе се откажам од неа. Знам дека ќе го најдам вистинскиот. Тогаш кога ќе треба ќе се појави. Се во свое време. Сега – засега уживам во слободата и не сум оптоварена со тоа по секоја цена да најдам партнер. Сакам позитивни и изреализирани мажи – рече пејачката и диџејка, која веќе извесен период се занимава со јога.

Џесика Палашоска

– Немам мнмче, а не го ни барам. Уживам во слободата и во времето поминато со моите другарки. Не сакам да се вљубам, рано ми е за такво нешто. Немам некој посебен тип маж на кој паѓам. Музиката и кариерата ми се приоритет и нема да дозволам поради маж да се откажам од нив, како што направија голем број мои постари колешки – вели фолкерката, која јавноста ја запозна со провокативните рефрени „Швалерка“, „Ураган“, „Професоре“…

Извор:Вечер

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top