Шампионот на Македонија, Вардар ќе ја започне одбраната на титулата на арената „Филип Втори“ ни помалку ни повеќе туку со стариот познаник екипата на Шкупи (поранешна Слога Југомагнат).
Денешната ждрепка за натпреварите од Првата лига во сезоната 2015/2016 во ФФМ, сакаше дуелот меѓу Вардар и Шкупи да биде ударната пресметка уште во првото коло кое ќе се игра на 9. август со почеток од 17:30 часот.
Во останатите пресметки Шкендија ќе го пречека новиот прволигаш Младост Царев двор, а интересно ќе биде на отв0рањето на сезоната и на дуелот меѓу Брегалница и Работнички.
Ждрепката сакаше и во второто коло на 16.август Вардар да одигра уште еден уголем дерби-дуел и тоа против најголемиот конкурент за титулата екипата на Шкендија која своите натпревари ќе ги игра во Кичево.
Првенството ќе се игра до 15. мај, по системот како и минатата сезона, со плеј-оф и плеј-аут разигрување.
Комплетниот распоред од денешната ждрепка за натпреварите во новата сезона од Првата лига ќе биде дополнително објавен од Натпреварувачката комисија на ФФМ.
Двојки за прво коло 9.август:
Вардар – Шкупи, Шкендија – Младост ЦД, Металург – Силекс, Брегалница – Работнички, Хоризонт Т. – Ренова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.