Екипата на Чикаго од МЛС-лигата во САД е сè поблиску до доведување во своите редови на Дидие Дрогба.
Раководството на клубот ги интезивираше преговорите за доведување на напаѓачот од Брегот на слоновата коска кој досега настапуваше за Челси во Премиер лигата. Откако му истече договорот со англискиот шампион, Дрогба е слободен играч и може да се пресели во било кој клуб без обештетување.
Чикаго веќе испрати понуда до менаџерот на фудбалерот која изнесуваше четири милиони долари за 18 месечна соработка. Дрогба доби и побогата понуда од Катар, но САД делува како подобра опција за него, откако преку Атлантикот кариерата веќе ја продолжија премиерлигашките ѕвезди како Френк Лампард и Стивен Џерард.
Откако оваа понуда беше одбиена од Дрогба управата веднаш испрати нова, подобрена. Неофицијално, станува збор за сума од пет милиони долари, што би требало да биде доволна за да го убеди големиот ас кариерата да ја продолжи токму во Чикаго.
– Точно е дека сме заинтересирани за Дидие Дрогба и дека водевме директни преговори со него и неговиот агент. Сепак, во интерес на успешноста на преговорите сега засега не би сакале да откриваме повеќе детали на оваа тема – изјави потпретседателот на Чикаго, Даг Хикс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



