Пирово реми од 1-1 забележа македонскиот шампион Вардар, што значи елиминација во второто квалификациско коло на патот за настап во Лигата на шампионите. Голот на Љамчевски остана само почесен за домаќините, откако Де Висенти му донесе предност на АПОЕЛ во 59. минута. Тој гол беше пресуден шампионот на Кипар да оди понатаму и да игра со Митијиланд во третата рунда.
АПОЕЛ го продолжува сонот наречен ЛШ, поради голот на гости, откако првиот меч заврши нерешено 0-0.
Вардар беше рамноправен во поголемиот дел од реваншот, но по голот на Де Висенти, играта на скопјани спласна. Во финишот сите карти беа фрлени во напад, но се чини предоцна дојде погодокот на Љамчевски во 90. минута.
Од македонските претставници остана само Работнички, екипа која задутре ќе игра против Јелгава во Скопје, во обид да ја анулира негативата од 0-1 од првиот меч. Вардар во квалификациите за ЛШ и Шкендија и ренова во ЛЕ веќе се елиминирани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.