Трансферите на Хорхе Македа во Вардар од Нант, потоа и на Дарко Станиќ во Рајн Некар Левен и на Павел Атман во Брест Мешков се рангирани во топ-10 во ракометниот свет летово.
Македа е стандарден на десната бековска позиција во шпанската репрезентација и ќе биде големо засилување за Вардар.
„Ракометната ѕвезда од Шпанија е подготвена да блеска во Скопје од наредната сезона. Предводени од Раул Гонзалес, светскиот шампион од 2013 година заедно со Душебаев и Штербик ќе се обидат да го остварат сонот на македонскиот ракометен шампион, а тоа е пласман на завршниот фајналфор-турнир во Лигата на шампионите. Искусниот десен бек играше за Нант во ЕХФ-купот и е трето засилување за Вардар, по Александер Деревен од Чеховски Медведи и македонскиот интернационалец Дејан Манасков”, стои во објаснувањето на интернет страницата на ЕХФ.
Македа е рангиран како деветти најдобар трансфер ова лето. Поранешниот голман на Металург, Станиќ се најде на седмата позиција, а неговиот некогашен соиграч Атман е на десеттата позиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.