| четврток, 6 декември 2018 |

Пусиќ: Во Советот на ЕУ владее позитивна атмосфера за Македонија да напредува во интеграциите во НАТО и ЕУ

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија, денеска во рамки на Советот на Унијата пројавиле позитивна атмосфера да се одмрзнат евро-атлантските интеграции на Република Македонија и земјата да ги отвори пристапните преговори со ЕУ, доколку политичките партии во земјата во целост го спроведат договорот од 15 јули и предвремените избори во април 2016 година минат успешно. Ова, како што јавува дописникот на МИА од Брисел, предмалку за МИА го потврди хрватската шефица на дипломатијата, Весна Пусиќ, пренесувајќи дека во Советот на ЕУ владее позитивна атмосфера за Македонија да напредува во интеграциите во НАТО и ЕУ.

Tribina o Europskoj uniji 200112

– Што се однесува до Македонија, комесарот за преговори за проширување Јоханес Хан го изнесе својот предлог и договорот што е постигнат со македонската страна, а кој вклучува некој вид на Влада н анационален спас, т.е. влез на опозицијата во Владата од октомври, а опозицијата во септември се враќа и во парламент. Влезот на опозицијата е предвиден на две министерски позиции и со четири заменик-министри. Сто дена, пак, пред изборите во средина на април 2016 година, премиерот Никола Груевски и целата Влада ќе дадат оставки, по што ќе се подготвуваат избори и тоа е договор што е постигнат со македонската страна и заклучок што го поддржаа сите земји-членки на Европската унија, ги пренесе Пусиќ за МИА првите впечатоци од состанокот на Советот на ЕУ за Македонија.

На прашањето на дописникот на МИА од Брисел, дали сега во Унијата постои расположение кај сите земји-членки да се отворат преговорите за членство на Македонија во ЕУ, Пусиќ со директен одговор:

– Апсолутно постои таква атмосфера, но претходно треба сето ова што е договорено да се спроведе и да се спроведат избори. Ставот е проширен на Советот и досега неколкупати повторен, а тоа е дека доколку сето тоа се спроведе вака како што е договорено, тогаш навистина на крајот на тој пат, Македонија и граѓаните на Македонија мора да видат и исчекор кон евроатлантските интеграции, децидна е министерката за надворешни работи на Хрватска.

За тоа дали Грција е подготвена да отстапи од блокадите кон Македонија, Весна Пусиќ не сакаше директно да потврди, но пренесе дека има такво расположение.

– Полека со тоа, мислам, јас не можам да говорам во име на други држави. Можам само да го кажам тоа што е заклучено и кажано на самиот состанок. Две држави-членки сметаа дека е потребно земјата да се држи до уште некои елементи, како што се добрососедските односи итн. Но, ова е момент што Македонија треба да го зграпчи и искористи и климата е таква да ако Македонија е во состојба да го спроведе својот дел од договорот, односно спогодбата што е постигната, постои многу позитивен став во правец во напредувањето и деблокирање и заеднички напори во дебнлокирање на оваа долгогодишна позиција во која се наоѓа Македонија, заклучи Пусиќ.

Во моментов, во зградата на Европскиот совет се одржува 12-тиот состанок од Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Македонија и Европската унија, со кој ко-претседаваат македонскиот шеф на дипломатијата Никола Попоски и вицепремиерот на Словачка, Мирослав Лајчак, а на кој присуствува и еврокомесарот Хан, македонскиот вицепремиер за евроинтеграции Фатмир Бесими, како и други министри за надворешни работи и амбасадори на земјите-членки на ЕУ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top