Изминатиот викенд во најзабавниот парк во градот, aквапаркот во рамки на СЦ „Борис Трајковски“ беше урнат рекордот на посетители.
– Топлотниот бран донесе многу забава и многумина сакаа да бидат дел од паркот, кој мами со возбуда, авантури, игра и со разладување. Капацитетот на капачи веќе до пладне беше исполнет. Се бараше карта плус, но поради безбедносни причини граѓаните беа советувани и вратени – велат од аквапаркот.
Одговорните лица во аквапаркот им се извинуваат на сите што морале да бидат вратени, но тоа, пред сѐ, биле мерки за нивна безбедност и сигурност, како и за посетителите што веќе влегле во паркот.
Разладувањето продолжува, спасот од жешките горештини може да се најде во идилата на забавата и позитивната атмосфера. Овој период граѓаните може да се освежат и искористат топлите денови што следуваат на еден поинаков начин.
– Едно поинакво лето, исполнето со многу адреналин и џагор, затоа што сите тие што ќе дојдат во аквапаркот ќе можат да користат некој од десетте тобогани односно „бумеранг“, „спејс бал“, тобоганот со ноќни ефекти, базен со бранови, мрзлива река. Аква-паркот ќе работи секој ден од 10 до 20 часот. За безбедноста на посетителите и годинава се грижат 36 спасувачи од Црвен крст – велат од аквапаркот.
Во рамки на аквапаркот работат и три кафулиња и еден ресторан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.