Дејвис-куп репрезентацијата на Македонија денеска го игра последниот натпревар од групата во натпревар од Третата Европска зона во тенис против Грција.
По вчерашниот неуспех во пресметката со Норвешка, нашите тенисери со Грција се борат за петтото место што би било само утеха со оглед на неможноста да се отиде чекор напред во повисок ранг на натпреварување.
Македонија поведе со 1-0 откако Димитар Грабул успеа со максимални 2-0 (6-4, 7-6) во сетови успеа да го победи ристос Антонопулос. Во вториот денешен натпревар Томислав Јотовски се среќава со Елефтеропулос Теодору и ќе се обиде да дојде до победа и да ја осигура победата на нашата репрезентација над јужниот сосед.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.