| четврток, 6 декември 2018 |

Пораз од Унгарија за македонските таленти

Младата репрезентација на Македонија за играчи до 20 години не успеа во првиот натпревар од четвртфиналната фаза од Европското првенство – Б дивизија да слави против домаќинот Унгарија. Избраниците на селекторот Малинков загубија со 54-63 и сега треба да ја победат Шведска денеска за да одат понатаму.

Најефикасен во нашите редови беше Магдевски со 20 поени, дополнети и со пет скока и шест асистенции, а го следеа Младеновски со 13 и 10 скока и Бакоч со 12 постигнати поени и 11 скока.

Кај Унгарците извонреден беше Перл со 26 поени, а Варади и Филиповити го завршија дуелот со по 11 постигнати поени.

magdevski

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top