Словенечката полиција почнала истрага за штета нанесена на „Телеком Словенија“ во перидот од 2006 до 2010 година, во вредност од најмалку 25 милиони евра, при што приведе седуммина поранешни менаџери на компанијата, објавија вчера словенечките медиуми, пренесува „Вест“.
Според нив, истрагата е за повеќе различни криминални дела, меѓу кои и корупциски постапки при инвестициите на „Телеком Словенија“ во Македонија и во Косово.
„Полицијата од Љубљана, Копар, Целје и од Крањ постапува по наредба на Окружниот суд и врши повеќе истраги поради сомневање дека биле сторени повеќе кривични дела од областа на економскиот криминал“, пишува словенечкиот дневник „Дело“, според кој приведените се сомничат за злоупотреба на службената положба и за злоупотреба на позиција на доверба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


