| четврток, 6 декември 2018 |

Роналдињо откажа, Анталија во офанзива по Димитар Бербатов

Турскиот клуб Анталијаспор, кој ова лето направи неколку сензационални трансфери и се вбројува во тимовите за највисок пласман во следната сезона, по откажувањето на Роналдињо и неговата одлука да се врати во родната земја, се одлучи покрај Самуел Ето и Ламин Дијара во нападот да се обиде да го доведе и бугарскиот фудбалер Димитар Бербатов.
Искусниот напаѓач кој би бил алката што недостасува во нападот на Анталија и би го сочинувал фантастичното трио, минатата сезона настапуваше за Монако, а претходно со успех ги носеше дресовите на Манчетер јунајтед, Тотенхем и Баер Леверкузен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top