| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар тргна во победнички поход на Кипар

vardarci

Експедицијата на Вардар денеска претпладне отпатува за Никозија, каде задутре го игра првиот меч против АПОЕЛ во второто квалификациско коло за пласман во фазата по групи во Лигата на шампионите.

Мечот ќе се игра во вторник од 19 часот на „ГСП арена“ во Никозија.

Ова е трет двомеч на Вардар со кипарска екипа, а билансот е 1-1 со претсавниците на оваа земја во европските купови. Во 2004 година во квалификациите за тогашниот Интертото куп, македонскиот клуб беше поуспешен од Етникос Ахна и со вкупен резултат од 5-1 мина понатаму, а три сезони подоцна Анортозис со две победи од по 1-0 го исфрли Вардар од квалификациите за Европа лигата на УЕФА.

Трета среќа и втор успех против екипите од Кипар, вардарци ќе бараат во Никозија на 14. јули и во реваншот една седмица подоцна на домашен терен во квалификациско коло од ЛШ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top