Централниот дефанзивец Бразилецот Миранда ги откри деталите од преговорите со Интер и неговото доаѓање во редовите на поранешниот европски шампион.
Тој наведе дека најголема улога одиграл тренерот на Интер, Роберто Манчини.
– За време на преговорите имав разговор и со Манчини, и тоа беше клучниот момент за мојот трансфер во Милано. Сигурен сум дека тој ќе ми помогне да бидам во одлична форма, и сметам дека ова е почеток на една нова убава етапа од мојата кариера – изјави Миранда.
Искусниот Бразилец дојде во Интер за сума од 15 милиони евра од редовите на Атлетико Мадрид каде што помина четири години и одигра дури 111 натпревари, а се очекува да биде вистински бедем во последниот ред од одбраната на екипата од Милано.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.