Екипата на Порто во следните неколку дена ќе потпише двегодишен договор со легендата на Реал Мадрид и прв голман на шпанската фудбалска репрезентација, Икер Касилјас.
Управата на клубот не се задоволува со доведување на само една ѕвезда во тимот и следен фудбалер на радарот е Дидие Дрогба.
Дрогба не сака да ја заврши кариерата ова лето и посакува да одигра уште една сезона на врвно ниво и потоа да се врати во Челси како тренер во фудбалската школа на „сините“ од Лондон.
Неговиот договор истече на 30.јуни и сега како слободен играч може да се пресели каде сака без никакво обесштетување. Тој има понуди за едногодишен договор надвор од Европа, но, сепак, неговата желба е да одигра уште една сезона во Лигата на шампионите.
Тимот што може да му го понуди тоа, секако, е Порто, кој го продаде ова лето капитенот Џексон Мартинез на Атлетико Мадрид и посакува да донесе искусен играч на негово место.
Прв пик е Србинот Митровиќ од Андерлехт на кого Дрогба би му бил одлична потпора во нападот во долгата сезона на младиот напаѓач.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.