| четврток, 6 декември 2018 |

„Инсајдер манки“: Ова се седумте најдобри места за посета во Македонија

Малкумина знаат за најдобрите места за посета во Македонија, кои се безбедни и убави, освен ако не сте оттаму, затоа решивме да ја составиме оваа листа, пишува во статијата на „Инсајдер манки“, финансиски веб-сајт од САД, пренесува „Охрид24“.

ohrid-insajder500

„Со Македонија владееле Римјаните, Грците, Византијците и Османлиите, според тоа треба да очекувате многу различна култура. Земјата ја доби независноста во 1991 по мирен пат. Оттогаш земјата е во постојан раст и сега е важен туристички центар“, се вели во статијата.

Во делот за Охрид пишува дека голем дел од знаменитостите се наоѓаат во стариот дел од градот. Спомнати се Самуиловата тврдина, Плаошник и катедралната црква „Св. Софија“, која е означена како најголема црква во Охрид, изградена во 11 век.

За главниот град на Македонија се наведува дека во последните неколку години значајно се трансформирал и сега туристите може да поминат цел ден во Скопје и пак да не успеат да ги видат сите знаменитости.

Според „Инсајдер манки“, останатите пет градови кои мора да се посетат се: Гостивар, Крушево, Битола, Берово и Кратово.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top