| четврток, 6 декември 2018 |

Позиција број 105 за Македонија на ранг-листата на ФИФА

makedonija-avstralija-14

Македонската репрезентација падна за 5 позиции и сега е на 105. место на најновата ранг-листа на ФИФА. Со 311 поени Македонија испадна од топ 100, а интересно на нашето место од минатиот ранкинг е Белорусија на стотата позиција. Белорусите ни се конкуренти во квалификациите за пласман на ЕП во Франција следната година.

Од нашата група најдобропласирана е Шпанија на 11. место со пад од едно скалило, а напредуваа Словачка и Украина. Лидерот Словачка е петнаесетта, а Украинците се на 27. место.

Само селекцијата на Луксембург е полошорангирана од нас, на 146. позиција.

Листата ја предводи Аргетнина, пред Германија, Белгија, Колумбија, Холандија, Бразил, Португалија, Романија, Англија и Велс, селекции кои се во топ 10.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top