| четврток, 6 декември 2018 |

Македонски креативци дизајнираа торби за „Лице в лице“

Уличното списание „Лице в лице“ задно со „Кнауф“ и гру­па ма­ке­дон­ски кре­а­тив­ци реализираа под­др­шка на мар­ги­на­ли­зи­ра­ни­те групи  согра­ѓа­ни. Во рамки на соработката,  покрај промоцијата на новиот број на магазинот Лице в лице, се одржа и хуманитарна аукција на уникатни торби за лична употреба, од Кнауф, користени за нивните гипсени градежни материјали, а дизајнирани од модната креаторка Ирина Тошева.

По­ве­ќе ма­ке­дон­ски кре­а­тив­ци, (Иван Пе­тру­шев­ски (Флим), Ру­жи­ца Ман­ди­чев­ска (Ру­ки Чу­ки), Го­ран Ко­стов­ски (Инд Ог), „Ди­зајн енд бе­рис“, Ни­на Си­мов­ска, „Омај­гад“, Тхе Ми­чо, Ем Елефант­ски, Мач­ка (Мар­јан Ди­миќ) и Драш (Дра­ган Ки­та­нов­ски), се вклу­чи­ја во ини­ци­ја­ти­ва­та и 20 пар­чи­ња рач­но ги до­ра­бо­ти­ја и им да­доа сопс­твен бе­лег. Со­бра­ни­те средс­тва од про­даж­ба­та на овие тор­би ќе би­дат вло­же­ни во Днев­ни­от цен­тар за деца на ули­ца и со ова се по­ста­ву­ва ос­но­ва за одрж­лив мо­дел за парт­нер­ски од­нос ме­ѓу Центарот и ком­па­ниите.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top