Инспиративни приказни на социјални иноватори од Германија, Полска, Словенија, Босна и Херцеговина, Србија и од Македонија, имаше можност да слушне денес публиката дојдена во киното „Фросина“ – во Младинскиот кулутрен центар во Скопје, на Првата конференција „Социјални иновации“, во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт“ Скопје, „Млади инфо интернационал“, „Импакт хаб“ од Скопје и Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“ (издавач на уличното списание „Лице в лице“).
– Веруваме дека овие приказни на говорниците што имавме можност првпат да ги слушнеме, во ваков формат на лични приказни, ќе инспирираат барем дел од присутните да почнат да размислуваат за создавање сопствена социјална иновација или бизнис во Македонија – вели Антоанета Иванова, коосновач на „Млади инфо интернационал“.
Целта на конференцијaта е подигање на свесноста за важноста на социјалните иновации во развојот на општеството, отворање дискусии на оваа тема, како и поттикнување на луѓето од земјава и од регионот да создаваат промени за да ги решаваат општествените и социјални предизвици преку претприемаштво.
– Живееме во општество со редица проблеми, кои доколку почнеме да ги перцепираме како можности за социјални иновации, значајно би влијаеле на подобрувањето на животот во заедницата и би креирале нови работни места. Тулите на социјалното претприемаштво се редат на веќе изградена свест, чувство за заедницата и потреба континуирано да се вложува во општото добро. Се надевам дека оваа конференција ќе даде придонес во оваа насока – вели Климентина Илијевски, извршна директорка на Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој, „Паблик” и главен и одговорен уредник на уличното списание „Лице в лице”.
И од Фондацијата „Фридрих Еберт“, сметаат дека слободно и фунционално демократско општество подразбира одржлива економија и работни места за сите.
– Особено во ситуација на висок процент на невработеност кај младите, поддршката во развивање на социјалните бизниси и иновации може да придонесе во потикнување на претприемачкиот и иновативен дух и развој на иницијативноста и самоиницијативноста кај младите луѓе, што во иднина ќе резултира со креирање на работни места и подигнување на животниот стандард, како и решенија за социјалните проблеми на граѓаните – вели Нита Старова, проектна координаторка од „Фридрих Еберт“.
На Конференцијата присуствуваа речиси 300 гости, а во формат сличен како на ТЕДекс, свои лични приказни споделија Карин Лохр од уличното списание „БИСС“ од Германија, Јакоб Детеринг од „Социјал маркерт Романxија“, Зоран Пуљиќ од Фондација „Мозаик“ од Босна и Херцеговина, Барбара Садовска од фондацијата „Барка“ од Полска, Хозе Антонио Моралес од „Аурора коворкинг“ од Словенија, Соња Дакиќ од „Дај дај“, Србија, Јасминко Халиловиќ од „Музеј на детството во време на војна“ од Босна и Херцеговина, Луна Срибар од „Кралеви на улицата“ од Словенија и Климентина Илијевски од „Лице в лице“ од Македонија.
Во рамки на конференцијата, во фоајето на киното „Фросина“ беа претставени и десетина македонски социјални претпријатија, а посетителите имаат можност и да купат некои од производите.
Дел од агендата беше и панелот насловен „Од иновација до влијание: Вмрежување и прибирање средства за социјален бизнис“, на кој се обратија Јасмина Поповска од Фондот за иновации на Македонија, Харалд Фугер, австриски Аташе за труд, социјални врски и заштита на потрошувачи, Јасмина Белчовска – Тасевска, специјалист за социјални иновации од УНДП и Барбара Садовска, како претставничка на „Ептиса“ за проектот „Поттикнување на социјалното претприемаштво во Македонија“. Модератор беше Небојша Илијевски од „Холистик комуникации“.
На настанот се случи и промоција на 22. издание на единственото улично списание во земјава, „Лице в лице“, кое претставува пионер во социјалното претприемаштво во Македонија, посветено на тема: социјално претприемаштво.
Новиот број го претстави Маја Раванска, уредничка на „Лице в лице“, заедно со еден од продавачите на списанието, Сухамет Садик, чијашто приказна читателите може да ја најдат во ова издание.
– Овој број на „Лице в лице“ изобилува со содржини кои даваат преглед на состојбата на социјалното претприемаштво во земјава, консултира значајни експерти од областа кај нас, но објавува и интервјуа и стории од едни од најпознатите луѓе, зачетници на социјалната економија во регионов, Европа, но и многу други редовни содржини – вели Раванска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Конференција за спа туризам и туристичка берза во Скопје
-
Делегација од Управата за заштита на културното наследство учествуваше на првиот Европски самит во Берлин
-
„МакеДокс“ организира Меѓународна конференција „Аудио‐визуелно образование ‐ иднина или сегашност“ во МКЦ
-
Експерти од регионот ќе дискутираат за проблемите во образованието на возрасни