Откако ги испразнија полиците на продавниците во својата земја, Грците, како би создале залихи за црните денови, масовно нагрнаа во Македонија, пишува Индекс хр.
-Во Струмица, Битола, Гевгелија и останатите градови на границата со Грција, има невидена гужва, се пустошат продавниците и тезгите на пазарите, се купува гориво на бензинските станици, а Грците во Македонија доаѓаат и по поевтини медицински услуги. Според неслужбените проценки, во пограничните градови на Македонија, потрошувачите од Грција секој месец оставаат по милион евра, а сега таа цифра ќе биде неколкукратно повисока-открива за Индекс, македонскиот новинар и воен аналитичар, Александар Србиновски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



