Грчката полиција на Халкидики уапси девет лица, од кои осум се бугарски државјани, под сомнение дека се членови на криминална група што продава новороденчињата на грчки семејства без деца. Грчката полиција уапси тројца мажи и пет жени од Бугарија, како и едно лице без податоци за националноста, објавија бугарските медиуми.
Во текот на акцијата двајца службеници на грчката полиција се претставиле како семејство што сака да купи бебе, а посредникот на групата им понудил бебе старо четири дена за 18.000 евра. Полицајците побарале да ја видат мајката и биле однесени во стан во пошироката област на Атина, каде што ја затекнале мајката на бебето, која е една од уапсените бугарски државјани. Бугарските медиуми велат дека една од уапсените била бремена, додека другите жени неодамна се породиле, но децата не биле пронајдени кај мајките.
За време на полициската акција запленети се 9 025 евра и 10 мобилни телефони. Истрагата е во тек.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.