Според пишувањата на медиумите во Англија, голманот на Челзи Петр Чех веќе го договорил трансферот во Арсенал. Како што е наведено, „топџиите“ на „сините“ од Лондон ќе треба да им исплатат сума од 15 милиони евра. Чех (33) минатата сезона го загуби местото прв голман и повеќето натпревари ги помина на клупата за резерви, а на голот беше Тибо Куртоа.
Во Премиер лигата шампион стана Челзи со 87 , а Арсенал заостана 12 бодови и заврши на третата позиција. Одбранбениот фудбалер на Челзи Џон Тери изјави дека Чех на новиот свој клуб ќе им „сочува“ 12-15 бодови, така што Арсенал ќе биде еден од главните конкуренти за шампионската титула во новата сезона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во 12.500 пораки го опишале одвратното злоставување на бебе и 5 годишно девојче: Мајката и љубовникот осудени на 50 години затвор
-
Кога Англија игра фудбал, Британците ги тепаат жените
-
По пауза од 28 години Англичаните се во полуфинале на фудбалското СП
-
Англичаните се спасија во судиското продолжение