Кипарскиот шампион АПОЕЛ ќе биде противник на Вардар во второто квалификациско коло за настап во фазата по групи во Лигата на шампионите. Првиот меч ќе се игра во Никозија на 14 или 15 јули, а реваншот е во Скопје една седмица подоцна.
АПОЕЛ е клуб кој бил 24 пати шампион на Кипар, а таму играа нашите репрезентативци Бобан Грнчаров и Иван Тричковски, а сега член е Валмир Нафиу.
Вардар вторпат ќе игра со кипарски претставник откако пред 8 години беше елиминиран од Анортозис во квалификациски двомеч од Лигата на Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.