Бразилскиот ас Хуан Фелипе Рибеиро ќе биде шестото засилување за Вардар, пред настапите во квалификациите за Лигата на шампионите и за следната сезона.
Досегашниот фудбалер на ЦСКА Софија веќе ги договорил условите кои се прифатени од раководството на „црвено-црните“ и тој ќе биде засилување за офанзивниот дел.
Фелипе е искусен 27-годишен играч, а природна позиција му е плејмејкер. Има настапувано во Бразил, Колмбија и во Бугарија, а Македонија ќе му биде четвртата дестинација.
Вардар претходно ги ангажираше домашните адути Стојков, Николов, Брдаровски, Гачевски и Велковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.