| четврток, 6 декември 2018 |

Стразбур пресуди за исчезнатите српски новороденчиња

бебе зависникЕвропскиот суд за човекови права ѝ наложи на  Србија да преземе итни мерки во врска со случаите на исчезнување новороденчиња од клиниките по раѓањето. Судот нареди државата да ја обесштети со 10 илјади евра Зорица Јовановиќ, чие бебе пред 30 години исчезнало од болницата.

Болницата ни по 30 години не успеа да објасни што се случило со бебето кое е родено здраво и живо. По три дена на мајката ѝ рекле дека бебето починало, но никогаш не понудиле објаснување, ниту, пак, издале документ ниту, пак, ѝ било дозволено да го види малото. Освен тоа, властите не успеале да најдат ниту умреница ниту резултати од обдукцијата, а тужбата против докторите била одбиена како неоснована.

Сега Стразбур пресуди дека било нарушено правото на семеен живот, а пресудата ќе биде преседан за многу други слични случаи кои чекаат пресуда. Таму голем број родители се жалат дека им било кажано дека новороденчињата се починати, но тие се убедени дека се работи за криминал со деца кои се продаваат на богати парови за усвојување.

Засега ниеден таков случај не е докажан, а властите се правдаат дека со забошување на сложената процедура од персоналот. Судот во пресудата вметна дека е воочливо дека во Србија има обиди за решавање на овие проблеми, но тие се несистемски и недоволни. Затоа се неложува формирање независна агенција која би ги решавала овие случаи, во просек по 100 секоја година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top