Прославениот македонски тренер кој повеќе од 20 години работи во Европа, Заре Марковски ќе биде избран за нов спортски директор во МКФ.
Марковски е избротот на новото раководство на МКФ и тој ќе го наследи Илија Мерџановски на оваа функција откако тој си поднесе оставка.
ва утрово беше обелоденето на официјалната веб-страница на МКФ, одлука што ќе биде официјално усвоена на денешната седница на Управниот Одбор на МКФ.
– По 24 години, со исклучок на двегодишниот ангажман кога беше селектор на нашата најдобра машка репрезентација, која што за прв пат ја преставуваше Македонија на едно Европско првенство во 1999 година во Франција и долга низа на престижни европски ангажмани, Заре Марковски повторно го става на располагање на матичната федерација огромното искуство и се очекува веќе денес да биде во Скопје“ – се вели во информацијата на веб-страницата на МКФ.
Името на Заре Марковски беше споменувано како најсериозен кандидат за селектор на сениорската репрезентација како замена за Александар Џикиќ, но откако Србинот реши да продолжи на кормилото на репрезентацијата, на Марковски му беше доделена директорската улога.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.