| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија претставена како центар на Суперконтинентот Пангеа

20-190x122
Најголемиот дел од Пангеа е сместен во јужната хемисфера, за разлика од денешниот поредок на копното.
 Замислете го патот од Кина до Антарктикот, преку Канада, Бразил и Индија, и секако без “прескокнување” или пловење по вода, односно океан. Тоа некогаш било можно на Суперконтинентот Пангеа.

Благодарение на илустраторот Масимо Питробон, можете да видите како Пангеа изгледала пред 200 милиони години! Тоа е времето во кое на планетата постоел само еден континент, додека океаните биле наоколу. Станува збор за Суперокеанот, наречен Панталас.

Најголемиот дел од Пангеа бил сместен во јужната хемисфера, за разлика од денешниот поредок на копното. Докази за Пангеа биле пронајдени во фосилите откриени неодамна во Јужна Африка, Индија и Австралија, како што се остатоците од Листросаурусите и сличните облици на живи суштества.

Случајно или не, во центарот на планетата се наоѓа Балканот, односно Македонија. Тоа било време кога сме биле во центарот на светот, а тоа мапата јасно го покажува. До Канада, на пример, би можеле да одите пешки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top