| четврток, 6 декември 2018 |

Чао Чешка, Македонија патува на ЕП во Полска

Чао Чешка, Македонија патува на Европско првенство во Полска. Ја победивме жилавата селекција на Чесите со 32-28 во последното квалификациско коло и го освоивме второто место зад неприкосновената селекција на Франција.

Во текот на целиот меч се водеше тешка битка, но македонските ракометни репрезентативци уште еднаш ја потврдија светската класа.

Од Борко Ристовски кој одбрани 13 топки, преку извонредните браќа Лазарови, Манасков, Георгиевски, Прибак и сите останати наши репрезентативци уште еднаш потврдија дека многу вредат и го продолжија континуитетот на настапи на големите првенства.

Иако Македонија играше без бековите Мојсоски и Вугринец, а имаше здравствени проблеми и капитенот Кирил Лазаров, сепак го скршивме отпорот на Чешка во клучниот меч за пласман на ЕП.

Во првиот дел гостите постојано водеа до 27. минута кога Манасков постигна гол за предност од 12-11. До крајот на полувремето направивме предоност од 15-12, а до крајот само ја зголемивме предноста за уште еден гол.

Капитенот Кирил Лазаров беше најефикасен со 11 погодоци, Ристовски одбрани 13 удари, а извонредни беа и останатите македонски репрезентативци.

Со нас од нашата група во Полска на ЕП патува и актуелниот европски, светски и олимписки шампион Франција.

makedonija-ceska-1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top