Македонија е на сигурен пат кон ново учество на Европско првенство и води со 15-12 против Чешка во последниот меч од квалификациите.
Долго се мачевме во првиот дел со незгодните Чеси, кои постојано имаа предност од еден до два гола, но во финишот почна да се топи отпорот. За првпат поведовме во 27. минута со погодокот на Дејан Манасков и тоа со 12-11, а поради проблемите во нападот во игра во последните десетина минути мораше да влезе и повредениот капитен Кирил Лазаров.
Веднаш се почуствува нов квалитет во играта на македонската репрезентација, а бекот на Бсрелона 5 пати ја погоди мрежата на гостите.
Одличен на голот кај нас е стандардниот Борко Ристовски. На Македониај и е доволен и нерешен резултат за пласман на ЕП.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.