| четврток, 6 декември 2018 |

Четиригодишно дете испило неколку апчиња „диазепам“, едвај го спасиле на Детската клиника

Четиригодишно дете од Скопје испило неколку таблети „диазепам“, а на Клиниката за детски болести едвај му го спасиле животот.

detska_klinika500

Лековите ги нашло во торбата на бабата. Од љубопитност испило неколку апчиња кои му личеле на бомбони. Почнало да се зашеметува и родителите веднаш го однеле на Клиниката за детски болести. Како итен случај го примиле на одделот за Интензивна нега.  Брзата лекарска реакција го спасила животот на малото скопјанче.

Овие лекови можат да предизвикаат кома кај децата. Зашеметеност, спиење, неможност да бидат разбудени…Лекарите алармираат возрасните лековите да ги чуваат подалеку од дофат на деца. Истото важи и за средствата за хигиена кои исто така можат да бидат фатални за најмалите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top