| четврток, 6 декември 2018 |

За Челси и за Вардар летен пазар на исто место

Кристијан Манеа и Бобан Николов ќе ги напуштат редовите на романскиот прволигаш Виторул и ќе играат во нови клубови следната сезона. Интересно е што и познатиот англиски клуб и нашиот шампион Вардар пазареа на исто место во Констанца, а талентираниот Манеа ќе замине за Лондон, додека Николов ќе пристигне во Скопје.

Англиските медиуми објавија дека десниот бек на Виторул, Манеа, веќе е нов член на Челси, но веднаш ќе му биде зајмен на холандскиот клуб Витезе. Манеа со 16 години дебитираше за Романија против албанската селекција и е најмладиот репрезентативец во историјата на романскиот фудбал.

manea

Николов веќе е најавен како прво летно засилување на Вардар, а исто како и Манеа и тој настапуваше за Виторул. Бобан има 20 години, а веќе има солидна интернационална кариера и е стандарден член на македонската репрезентација за играчи до 21 година.

boban

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top