Просторниот план за каналот Морава до Македонска граница ќе биде завршен до крајот на јули, потврди српската влада, пишува РТС. Министерот за природни ресурси, рударство и просторно планирање, Милан Бачевич, вели дека за таа инвестиција не се заинтересирани само Кинезите, туку и Русија и САД. Реализацијата на проектот зависела од студијата за изводливост која ја работи кинеска компанија „Гезоба груп“, со која Србија во јануари потпиша договор.
Пловниот канал Морава, за ресорниот министер, е најголема развојна можност за Србија. Ако студијата за изводливост покаже оправданост од ваква инвестиција, проектот би се реализирал фазно. Студијата за изводливост Србија нема да ја чини ниту цент бидејќи, како што велат, тоа е кинески подарок.
– Не е фаворизирана кинеската страна. Тие први се појавија и ни направија добра услуга, а тоа е да дојдеме до еден ваков важен документ кој се нарекува студија на изводливост без финасиски вложувања. За сиромашниот човек е скапо сѐ. Ако ние нешто добиеме на подарок, зошто да го одбиеме – потенцирал Бачевич.
Министерот Бачевич потсети на неодамнешниот состанок на ЦЕФТА во Скопје веќе се разговарало за проектот Дунав – Морава – Вардар и најави наскоро средба со македонскиот премиер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.