| четврток, 6 декември 2018 |

Амал Клуни зема часови по глума

BBC31C73008FA245AE281CF5191DC59F

Амал Клуни, сопругата на холивудскиот актер Џорџ Клуни, сака да глуми во филм.

Адвокатката за човековите права во моментов зема часови по глума, за да може наскоро да се појави во некој од филмовите на нејзиниот сопруг.

Според извори на американското списание „ОК!“, Џорџ одамна и нудел на Амал да учествува во негова продукција, но досега таа одбивала.

И покрај амбициите за улога во филм, темнокоса убавица не планирала да смени професија.

Таа од пролетта е визитинг професор во Школата за право на Универзитетот Колумбија во Њујорк.

Родената во Либан 37 годишна правничка, ќе предава за заштита на правата на човекот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top