| четврток, 6 декември 2018 |

Како Џорџ Клуни ја запознал Амал?

Во последното интервју за „Холивуд рипортер“ актерот Џорџ Клуни зборува за тоа како ја запознал својата сопруга Амал.

– Помислив колку е духовита и исклучително паметна – се присетил 57-годишниот актер во моментот кога ја запознал својата 39-годишна партнерка на езерото Комо во Италија, во 2013 година.

– Таа ми испрати неколку фотографии од местото на кое се наоѓа, продолживме да се допишуваме, да разговараме за она што се случува во нашите животи. По некој период беше јасно дека помеѓу нас постои нешто повеќе од пријателство – вели тој.

Истата година, парот заминал на својот официјален прв состанок во Лондон.

– Отидовме на вечера, таа го предложи местото. Ресторанот беше исклучително тренди и шик. Кога излеговме, нè дочекаа педесетина папараци, а таа тој дел го “одработи” како професионалец. И така сè започна – изјавил Клуни.

По краткотрајната романса и спонтаниот одмор, парот се вратил во Лос Анџелес.

– Ја гледав фотографијата на која среќно се смее. Си помислив – мислам дека ќе ја запросам. Поминав дваесет минути клечејќи, чекајќи да ја прифати мојата понуда бидејќи Амал беше во шок. Стравував да не помисли дека е прерано за брак, но за среќа не се случи такво сценарио. Од првиот момент знаев дека сме создадени еден за друг и дека сме вистински тим. Од тој момент, нашата среќа не престанува – вели Џорџ во интервјуто.

Убавата Амал и нејзиниот партнер се венчале на приватна церемонија во септември 2014 година, во Венеција.

– Бракот те менува толку колку што се менува секој човек кога лудо ќе се заљуби. Во еден момент, животот на таа друга личност станува поважен од сопствениот живот – вели холивудскиот актер.

Амал и Клуни, пред три месеци станаа родители на близнаците Александар и Ела, кои се дефинитивно круна на нивната љубов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top