За време на своето последно телевизиско интервју, Џорџ Клуни објасни колку му било тешко да ја освои сопругата Амал Клуни. Тој исто така открива дека се заљубил по првата средба.
Џорџ и Амал се запознале преку заеднички пријател.
– Заеднички пријател ми се јави и ми рече доаѓам кај тебе, може ли да доведам и пријателка? Се разбира дека не го одбив, а тогаш ми се јави агентот кој ми рече дека ја запознал Амал и дека таа ќе ми биде сопруга- вели Клуни.
Тој раскажва дека запознавањето бил лесниот дел од работата бидејќи освојувањето тогаш почнувало.
Во почетокот пишував писма во кои велев дека држам заложници и оти ми треба адвокат да ме извлече од ситуацијата, се шегува Клуни и додава: Но шега на страна, како што поминуваше времето, сфатив колку Амал ми се доапаѓа и дека е време да преземам конкретни чекори.
Со оглед на тоа што Амал живееше во Лондон, а тој таму снимаше филм, тоа било идеална прилика.
– Отидов во Лондон за да снимам филм, а работевме во музичкото студио на „Аби Роуд“, што е одлично доживување бидејќи таму има оркестар од 150 членови и веднаш добив идеја дека со тоа може да ја импресионирам, вели Клуни и кажува дека ѝ испратил порака на Амал да го посети на снимањето.
Таа му одговорила дека е на состанок кај Муслиманско братство, но дека кога ќе се ослободи ќе дојде.
– Таа се бореше со реални проблеми, а ние снимавме глупав филм и се почувствував засрамено, вели Клуни.
Тие се сретнале и љубовта тргнала, а денес се во среќен брак и родители на близнаци Ел и Александар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.