Специјалните претставници на Парламентарното собрание на ОБСЕ Роберто Батели и Андреас Нотеле денеска во Скопје ќе се сретнат со високи македонски државни претставници, како и со лидерите на најголемите политички партии.
Батели, кој е специјален претставник на ПС на ОБСЕ за Југоисточна Европа, и амбасадорот Нотеле, специјален претставник во Виена, ќе имаат средби со претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, со премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, со министерот за надворешни работи, Никола Попоски, како и со лидерите на ДУИ, Али Ахмети, и на СДСМ, Зоран Заев.
Специјалните претставници на ОБСЕ во Собранието ќе имаат средба и со членовите на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на ОБСЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.