Капитенот на македонската рекометна репрезентација Кире Лазаров по завршувањето на фајналфор турнирот во Келн каде го освои првото место, се врати во Барселона и изврши детални лекарски прегледи поради повредата која го спречи со полн интезитет да го игра финалето во Келн.
По извршената магнетна резонанца и извршените консултации со лекарскиот тим на Барселона, констатирано е дека не се работи за посериозна повреда на листот на ногата и Кире ќе биде максимално подготвен за тешките дуели против Швајцарија и потоа против Чешка кои значат и пласман на Европското првенство 2016 во Полска.
Кире Лазаров и Барселона овој викенд го играат завршниот турнир од Шпанскиот Куп каде важат за изразити фаворити, а македонскиот репрезентативец ќе го пропушти полуфиналниот дуел, додека во недела ако е потребно и ќе игра.
Ова дефинитивно ќе ги израдува сите во таборот на репрезентацијата и секако љубителите на ракометот во Македонија, а Лазаров се очекува да му се приклучи на националниот состав директно во Швајцарија по завршувањето клупските обврски за Барселона овој викенд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.