Вчера во 17.37 часот на булевар „Кузман Јосифовски Питу“, патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.П.(38) од Скопје, удрило во пешакот М.С.(30) од Скопје.
М.С. се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.