Екипата на Вардар и официјално е промовирана во нов ракометен шампион на Македонија. „Црвено-црните“ вечерва на средбата од последното 10. коло во плејоф конкуренцијата одиграна во СЦ „Јане Сандански“’, славеа очекувана победа над екипата на Радовиш со 35:23.
Со десет триумфи во исто толку одиграни натпревари во плејофот, вардарци ја потврдија својата доминација во домашниот шампионат. Тимот предводен од тренерот Раул Гонзалес сезоната ја завршија со двојната круна, откако претходно го освоија Купот на Македонија, а сега и официјално се промовирани во нови шампиони.
Во преостанатите два натпревари од последното коло ќе играат Пролет – Металург и Зомимак М. – Прилеп.
Табела: Вардар 30 бодови, Металург 18, Зомимак М. 18, Пролет 7, Радовиш 6 и Прилеп 4.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.