На автопатот Скопје-Тетово, обиколница Скопје кај клучката Мирковци, вчера во 09:15 часот, сообраќајната патрола при преземање службени дејствија над патничко возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост и управувано од Ф.Р.(28) од с.Љуботен, биле омаловажувани и истиот се обидел да им ги одземе службените акти при што во еден момент ја турнал вратата на службеното возило и му ја притиснал ногата на полицискиот службеник.
Кога се обидел да го доведе во состојба на послушност, Ф.Р. му ја искинал кошулата по што е приведен во ПС-Чаир за понатамошна постапка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.