Вчеравечер околу 21.55 часот во кругот на ПС ОН Струга, 27-годишниот стружанец И.М. физички нападнал полициски службеник, кој бил на работното место како обезбедување на полициската станица.
Во кругот на полициската станица влегло возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Ж.П. од Струга. Во тој момент полицискиот службеник се упатил кон возилото со цел да праша со која намера го паркирал автомобилот во кругот на полициската станица. Од совозачкото место излегол И.М. и без никаква причина упатил закани и физички го нападнал полицискиот службеник, удирајќи го со тупаници и клоци во пределот на главата и телото.
Од страна на полициски службеници биле употребени средства за присилба, при што истиот е лишен од слобода и задржан во СВР Охрид.
Против И.М. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.