| четврток, 6 декември 2018 |

Нападнал полицаец: Го давел со двете раце, па продолжил со тупаница

Вчера околу 10.00 часот во Велес на ул. „Петре Прличко“, во близина на Автобуска станица, И.Р. (34) од Велес, откако претходно сторил прекршок по чл. 4 од ЗППЈРМ (нарушување на јавниот ред и мир со карање, викање, непристојно и дрско однесување) нападнал полициски службеник, кој се обидел да изврши легитимирање.

Пријавениот со двете раце го фатил полицискиот службеник за вратот и го давел, по што со еден удар со тупаница го удрил во градите. За да го одбие нападот и да го доведе во послушна состојба, полицискиот службеник употребил физичка сила, а со асистенција од групата за интервенција, И.Р. е лишен од слобода и донесен во ПС Велес.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top