Вчера околу 17,45 часот во Битола на ул.„Томаки Димитриевски“ додека униформирано полициско лице од СВР-Битола, вршел работи од областа на безбедноста, го затекнал лицето П.Б.(60) државјанин на Р.Франција, држејќи стаклено шише во рака.
Франузинот почнал да му упатува сериозни закани на полицаецот, а во еден момент со шишето и замавнал кон кон него. Тој бил совладан и лишен од слобода.
Лицето е задржано во СВР-Битола за понатамошна постапка и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.