Битолската полиција поднесе кривична пријава против четворица битолчани, Ш.Х. (25), Н.А. (49), С.Х. (23) и Н.Х. (52), за напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста и за спречување на службено лице во вршење службено дејство.
На 1 мај околу 08.30 часот, при контрола на возила, полициски службеник од ПС-БПС-Битола, поради констатиран прекршок, побарал од Ш.Х. да ги извади регистарските таблички од возилото. Пријавениот агресивно ги извадил табличките и со истите неколку пати го удрил полицискиот службеник во пределот на десната нога, со што му нанел телесни повреди.
За тоа врем,е други двајца полициски службеници побарале помош од групата за интервенција од ПС ОН Битола и се обиделе да му помогнат на полицискиот службеник, да го тргнат Ш.Х. и да го доведат во состојба на послушност. Во тој момент второ, трето и четврто пријавениот, користејќи физичка сила, ги влечеле полициските службеници се до доаѓањето на групата за интервенција, по што биле лишени од слобода и приведени во СВР Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.