Новоформираната Дисиплинска комисија при МКФ веднаш се зафати со работа и изрече драконска казна на иконата на македонската кошарка Тодор Гечевски.
Поради изјавите дадени во медимуите по дербито од петтото коло во Суперлигата против МЗТ, Гечевски е казнет со шестмесечна условна суспензија.
Во соопштението од Дисциплинската комисија стои дека поради давање некоректни и неспортски изјави во јавноста со кои му се нанесува штета на противникот, на лигата и на Македонската кошаркарска федерација по завршувањето на натпреварот од 5. коло од Суперлигата, помеѓу екипите на Работнички и МЗТ Скопје, најискусниот кошаркар Тодор Гечевски е казнет со шестмесечна условна суспензија, која нема да ја изврши доколку во период од една година не направи нешто слично.
Во прилог на одлуката на Дисциплинската при МКФ оди и тоа што Гечевски не ја негирал својата изјава дадена во одредени медиуми, туку, напротив, ја потврдил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Вонредно собрание на МКФ: Ќе остане ли Петар Наумовски на чело на Федерацијата?
-
Петар Наумовски го напушти Собранието на МКФ, клубовите ќе собираат потписи за да го сменат
-
Перо Антиќ ниту дојде, ниту испрати некого да ја прими наградата од МКФ
-
Суспендиран полицаецот кој го фотографираше Чавков во Шутка: Во тек е дисциплинска постапка



