Само 20.000 луѓе имаат сметки во третиот доброволен пензиски столб во државата. Толку граѓани месечно уплатуваат дополнителни пари на својата пензиска сметка, кои ќе можат да ги користат како дополнување на редовната пензија, но имаат можност да ги повлечат и десет години порано од законската можност за пензионирање, пишува весникот „Денвик“.
Доброволниот столб во Македонија е слабо интересен кај вработените и кај работодавците. Со овој концепт во светот се обезбедуваат значајни приходи на семејствата. И во Македонија концептот нуди поволности и добар принос.
Сите што уплатуваат се ослободени од плаќање персонален данок на доход, а приносите на инвестираните пари досега се околу пет проценти. Познавачите сметаат дека тој допрва ќе се развива. Според податоци од двете пензиски друштва кои основаа доброволен фонд и од Агенцијата за супервизија на капиталното финансирано пензиско осигурување (МАПАС), до март годинава свои сметки за доброволно штедење за пензија во Македонија имаат 20.600 граѓани, што е за десет отсто повеќе во однос на истиот период лани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.