| четврток, 6 декември 2018 |

Ван Гал потврди, Фалкао го напушта „Олд Трафорд“

Конечно сите дилеми се разрешени, Манчестер Јунајтед нема да го откупи договорот на колумбискиот репрезентативец Радемел Фалкао од Монако.
Тој следната сезона и дефинитивно нема да настапува во дресот на „црвените ѓаволи“ откако менаџерот на клубот од “Олд Трафорд“ Луис Ван Гал му посака се најдобро во понатамошната кариера во некој нов клуб.
Фалкао беше доведен од редовите на Монако како појзамен играч на една година со можност тој да остане во редовите на Јунајтед, но управата не е задоволна од неговото залагање.

– Радамел Фалкао е голем професионалец и одлична персона. Од мое лично име, како и од името на целиот клуб, му посакуваме се најдобро во неговата понатамошна кариера – потврди менаџерот Луis Ван Гал, кој не сака да го задржи во редовите на Манчестер јунајтед.

По лошата сезона цената на Фалкао секако ќе падне, но има големи клубови кои се заинтересирани за него. Можеби ќе остане во Премиер лигата, со оглед дека би можел да се пресели во Челси, Арсенал или во Ливерпул, а можно е сега да се реализира неговиот трансфер на „Сантијаго Бернабеу“. Има опции и за негово заминување во Италија, во Јувентус или во Милан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top